Нови детали: Известени биле сите гранични премини, издадена била наредба СТОП АПСИ – бугарските служби најверојатно ја спровеле акцијата за бегство на Михаилова

t

Инфомакс дознава нови детали за бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија. Според добро упатени извори уште пред неколку месеци сите гранични премини биле известени за можноста за бегство на Михаилова, а од МВР била издадена и СТОП наредба која што значи дека доколку Михаилова биде забележана на било кој од граничните премини во Македонија таа би била уапсена на лице место.

Судот во Кочани според нашите информации повеќе пати одбил да и ги врати патните исправи, македонска и бугарска на Михаилова што значи дека таа немала никаква валидна патна исправа.

Михаилова во изјава за бугарските медиуми тврди дека македонската граница ја поминала со лична карта, но просто тоа не е возможно затоа што во Шенген зона и држава како Бугарија, Михаилова не може да влезе само со лична карта.

Во изјава за бугарските медиуми таа тврди дека ја поминала со нејзините документи, но такво нешто во моментот Михаилова немала кај себе.

„ Ја преминав границата со моите документи. Вчера се чувствував многу лошо. Разговарав со мојот адвокат и се договоривме – заедно одлучивме тој да дојде по мене и јас да се вратам во Бугарија. Ги предадов документите на проверка и нè пуштија. Поминавме низ контрола. Немаше ништо незаконско во моето преминување. Следно, треба да бидам примена во болницата ‘Пирогов’ на лекување, по што ќе следи рехабилитација“, изјави Михаилова за БНТ.

Прашањето е дали, на каков начин и во колкава мера бугарската држава учествувала во бегството на Михаилова во соседна Бугарија?

Дали можеби бугарската држава и издала нови документи на друго име кои дозволиле таа да ја мине границата, а да не биде евидентирана како Ива Михаилова имајќи го во предвид одговорот на македонското МВР?

Од МВР посочуваат дека Михаилова не е евидентирана дека поминала граница на ниту еден од граничните премини во Македонија.

Почитувани, во однос на лицето за кое прашувате, Ве известуваме дека се извршени проверки во системот за гранична контрола на Министерството за внатрешни работи, при што е утврдено дека за наведеното лице нема евидентиран излез од територијата на Македонија, велат од МВР.

Постои и можноста таа да ја минала границата на нелегален премин имајќи во предвид дека не е детектиран нејзин излез од државата од македонските власти.

Сепак сериозни се сомнежите за организација од бугарската држава на нејзиното бегство. Во изминатите неколку недели таа интезивно беше посетувана во нејзиниот дом во Кочани од страна на бугарски пратеници и државни претставници кои наводно беа загрижени за нејзината здравствена состојба.

На Михаилова и се суди за учество во сообраќајна незгода со смртни последици. Според информации на Инфомакс за несреќата постојат две вештачења. Едно вештачење според кое Михаилова влегла во спротивната лента и при што неколку лица се повредени, а едно починало во директен судар и уште едно на Михаилова според кое другото возило влага во нејзината лента. Михаилова побегнала од Македонија пред да биде направено супервештачење од страна на судот со кое ќе се докаже нејзината вина.

Во последната информација од македонското МВР, се посочува дека лицето Ива Михаилова нема утврден влез ниту на бугарска страна на граничен премин.

-Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија.
Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија. Според податоците од граничните евиденции, лицето последен пат остварило влез во Република Бугарија во септември 2025 година, додека во октомври 2025 година е евидентиран негов излез од Република Бугарија, односно влез во Македонија, вели портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Известени биле сите гранични премини,…

Инфомакс дознава нови детали за бегството на…

Мицкоски: Градиме наместо да ветуваме, почна изградбата…

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните…

Еве што наше даде Бугарија на Грција…

По 109 години, Бугарија ѝ врати на…

Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè…

Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело…

(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство…

Ива Михаилова која во Македонија се гони…