Објавено на:

Нови детали: Меѓу загинатите Македонци во сообраќајката во Словенија има и деца?

t

Нови детали се појавуваат за тешката сообраќајна несреќа на приморскиот автопат во Словенија, во која загинаа тројца македонски државјани, а уште двајца се повредени. Според неофицијални информации што ги објави словенечкиот портал „Журнал24“, повикувајќи се на Заводот „Reševalni pas“, меѓу жртвите има и деца. Словенечката полиција засега официјално не ја потврди оваа информација и сè уште не ги објавува возраста и идентитетот на загинатите.

Несреќата се случи вчера попладне на автопатот меѓу Унец и работната зона пред Равбаркоманда, во правец кон Копер. Според првичните сознанија на Полициската управа Копер, камион поради дефект бил запрен во одвоена ниша покрај автопатот, кога автомобилот со петмина македонски државјани удрил во задниот лев дел од неговата приколка.

Три лица починале на самото место. Еден од двајцата преживеани со хеликоптер бил пренесен во болница, додека повредениот возач на автомобилот бил транспортиран со возило на Итната медицинска помош. Засега нема нови официјални информации за нивната здравствена состојба.

Словенечката полиција во утринскиот билтен ја потврди несреќата како единствена со смртни последици во последните 24 часа, со тројца загинати, но не објави дополнителни податоци за жртвите.

Истрагата треба да утврди зошто автомобилот удрил во приколката на запрениот камион. На местото на несреќата биле и државна обвинителка и истражна судијка, а полицијата најави дека повеќе информации за околностите и текот на несреќата ќе соопшти по завршувањето на првичните истражни дејствија.

Засега нема официјална потврда дали петтемина македонски државјани биле членови на едно семејство, од кој дел на Македонија потекнуваат, ниту колку години имале тројцата загинати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Меѓу загинатите Македонци во сообраќајката…

Нови детали се појавуваат за тешката сообраќајна…

Хаг ја истражува смртта на Младиќ

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови нареди…

(Видео) Откриена вистинската причина за посетата на…

На тајната посета на директорот на ЦИА,…

Франција влегува во претседателската трка: Кандидатите се…

Франција полека влегува во предизборната кампања за…

Почнаа колоните на ГП Богородица: Македонците на…

Споениот празничен викенд веќе почна да ги…