Ново решение за странските возачи – МВР откри како ќе се плаќаат казните

t

Сообраќајот на граничниот премин Табановце во моментов се одвива непречено и без подолги задржувања, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР појаснуваат дека возилата со странски регистарски таблички за кои е евидентиран сообраќаен прекршок се задржуваат најмногу пет минути, колку што е потребно за регулирање на обврската.

Постапката е олеснета со новата веб-апликација „Безбеден град“, која МВР ја стави во функција на 20 август. Апликацијата во оваа фаза е наменета за странски државјани, сопственици и возачи на возила со странски регистарски ознаки, кои преку неа можат да ги проверат сообраќајните прекршоци и електронски да ги платат глобите.

При најавувањето, потребно е корисникот да ја скенира или фотографира патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што ги користи во земјава.

На овој начин, странските возачи кои ќе бидат евидентирани дека направиле сообраќаен прекршок ќе можат навремено да се информираат за изречената глоба и да ја подмират обврската без дополнително задржување на граничните премини.

Од МВР најавуваат дека дигиталните услуги ќе продолжат да се унапредуваат, а во наредните фази се планира проширување на функционалностите на апликацијата и за други категории корисници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново решение за странските возачи – МВР…

Сообраќајот на граничниот премин Табановце во моментов…

УХМР СО МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕНЕС: Македонија под…

Управата за хидрометеоролошки работи објави метеоаларм за…

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во…

Сопственикот на „клубот на смртта“ во кој…

(Видео) Вајдел: Ако АфД дојде на власт,…

Копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD), Алис…

Норвешка се откажува од улогата на зелена…

Норвешка ќе продолжи да експлоатира нафта и…