Објавено на:

Норвешкиот крал Харалд V ќе биде погребан на 9 септември

t

Норвешката кралска палата соопшти дека погребот на починатиот крал Харалд V ќе се одржи на 9 септември.

Предвидено е церемонијата да се одржи во катедралата во Осло во 13 часот по локално време.

Комеморативни служби вчера и денеска се одржа низ цела Норвешка. Десетици илјади Норвежани ја изразија својата тага во текот на викендот оставајќи цвеќе, картички и палејќи свеќи пред кралската палата во Осло.

Кралот Харалд V почина на 28 август во Националната болница на 89-годишна возраст.

Нов крал на Норвешка е неговиот син Хакон VIII. Тој на 1 септември ќе положи заклетва пред норвешкиот парламент, а церемонија ќе се емитува во живо на телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ