Објавено на:

Носете си чадор: Денеска облачно со пороен дожд, грмежи и град

t

Променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура од четврток ќе биде во опаѓање. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во пукање во САД ранети се 11…

Во престрелката што се случила во центарот…

Рама: Единствен кој може да го собори…

Албанскиот премиер Еди Рама коментирајќи го односот…

Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со…

Иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури…

ЕК го активира „Коперник“, а Русија понуди…

Европската комисија ја активираше услугата за сателитско…

Да видат на нас како ни е:…

Срцевите пациенти во Англија се принудени да…