Обвинителите вчера добиле допис од МВР за полицајците кои погрешно постапиле по пријавите против Стојанче Јовановски

t

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера го добило известувањето од Министерството за внатрешни работи, дека 39 полицајци погрешно постапиле во случаите во кои Стојанче Јовановски бил пријавуван за насилство врз сега почината сопруга Ивана.

„Известувањето за кое покажувате интерес е доставено до ОЈО ГОКК во текот на вчерашниот ден и истото ќе биде дадено на постапување на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција“, велат од Обвинителството.

Јовановски е обвинет за три кривични дела, меѓу кои и наведување на сопругата Ивана на самоубиство. Тој вчера ги призна двете кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“, но не и за „наведување на самоубиство“, дело за кое прстот го впери во својот пријател Мартин Саздов кој е сведок во предметот против него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителите вчера добиле допис од МВР за…

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал…

Стојанче ги натепал па ги оставил Ивана…

Мајката на Ивана, Љубица Стојановска денеска во…

„Бабо, мама чучна долу, а тато ја…

Мајката на Ивана, Љубица Стојановска сведочеше за…

Хаос на судењето за „Онкологија 2“: Адвокатка…

Со хаос и парична казна за адвокататката…

25 години од почетокот на воениот конфликт…

Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…