Обвинителството бара притвор, осомничените нудат милионски гаранции за да го избегнат затворот

t

Основното јавно обвинителство отвори истрага против четири лица осомничени за злоупотреба на постапки за јавни набавки и коруптивни дејствија поврзани со Царинската управа. Меѓу осомничените, покрај службени лица, се наоѓаат и две лица од приватна компанија.

Во рамки на постапката, Обвинителството до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд доставило предлог за определување мерка ефективен притвор за осомничените.

Надлежната обвинителка Искра Хаџивасилева, во изјава пред судот, посочи дека барањето за притвор е оправдано поради фазата во која се наоѓа истрагата и потребата од непречено обезбедување на дополнителни докази.

„Се наоѓаме во рана фаза од истрагата во која допрва ќе се обезбедуваат дополнителни докази. Меѓутоа, досегашните сомневања, квалитетот на доказите и вкупните околности налагаат да одиме со предлог за притвор. Оваа мерка се чини оправдана и пропорционална според оцената на обвинителството“, изјави Хаџивасилева.

Одбраната на осомничените, пак, најавила дека размислува за понуда на имотни гаранции како алтернатива на ефективниот притвор. Според обвинителката, ваквиот пристап е значаен имајќи ја предвид природата на делата за кои се води постапката.

„За обвинителството е значајно ваквото размислување на одбраната. Со оглед на тоа што се работи за финансиски криминалитет, тоа дава основа за размислување во правец на гаранции. Одлуката ја чекаме од судот, а роковите се кратки“, додаде таа.

Истрагата за наводните финансиски малверзации продолжува, а од Обвинителството најавуваат дека не е исклучена можноста со прибирањето на нови докази постапката да биде проширена и на други лица кои евентуално биле вклучени во случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара притвор, осомничените нудат милионски гаранции…

Основното јавно обвинителство отвори истрага против четири…

Спречен хибриден напад на Црна Гора?

Група од 87 луѓе, од кои некои…

Тошковски за наводната „шпионска афера“: Обвинителството го…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во…

Савески за случајот „Мазут“: Подобро запирање на…

Државниот јавен обвинител изненаден од политичките реакции,…

Во ДР Конго потврдени 344 случаи на…

Светската здравствена организација денеска соопшти дека во…