Савески за случајот „Мазут“: Подобро запирање на истрагата отколку обвинение што ќе падне
Државниот јавен обвинител изненаден од политичките реакции, нагласува дека предметот може повторно да се активира ако се појават нови докази.
Државниот јавен обвинител Ненад Савески принципиелно ја поддржа одлуката на надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ за запирање на истрагата во мега-случајот „Мазут“. На денешниот брифинг со новинарите, Савески оцени дека од професионален аспект е далеку подобро постапката да се затвори навреме поради недостиг на докази, отколку да се форсира обвинение кое подоцна би резултирало со ослободителна пресуда.
Тој изрази изненадување од бурните реакции во јавноста и кај политичките чинители по објавувањето на одлуката за запирање на процесот, во кој по повеќе од една година истрага беа опфатени 13 лица – главно бизнисмени и поранешни функционери.
„Подобро е истрагата да се запре отколку да се поднесе обвинение што подоцна би завршило со ослободителни пресуди“, дециден е Савески.
Првиот човек на Обвинителството потенцираше дека ставањето клуч на предметот во оваа фаза не значи и негово дефинитивно затворање. Доколку во иднина се појават нови околности или релевантни докази, случајот може повторно да биде активиран.
Во меѓувреме, судбината на истрагата за набавките на мазут за државните електрани зависи од Вишото јавно обвинителство Скопје. Тоа треба да се произнесе по приговорот што веќе го поднесе оштетената компанија ЕСМ, по што ќе се знае дали истрагата ќе биде реотворена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Савески за случајот „Мазут“: Подобро запирање на…
Државниот јавен обвинител изненаден од политичките реакции,…
Во ДР Конго потврдени 344 случаи на…
Светската здравствена организација денеска соопшти дека во…
Словенија не дозволи слетување на израелски авион…
Авион на израелската компанија „Изрер“, што требаше…
Брутално претепан црногорски политичар, му ја скршиле…
Советникот на коалицијата „За иднината на Подгорица“…
Контроли на АХВ во Скопје: Состојбата со…
Оператори со храна свесно ги доведуваат во…