Обид за државен удар во Бенин: војска упадна во националната телевизиска станица
Група војници во западноафриканската држава Бенин, која себе се нарекува Воен комитет за обнова, под команда на потполковникот Паскал Тигри, денеска соопшти дека ја презеле националната телевизиска станица, дека претседателот Патрис Талон е отстранет од функцијата, а сите државни институции се распуштени.
Сепак, министерот за надворешни работи, Олушегун Аџади Бакари, соопшти дека лојалистички војници и националната гарда ја презеле контролата, и дека претседателот е безбеден.
Обидот за пуч се случи додека се подготвуваат претседателските избори, кои треба да го означат крајот на мандатот на Талон, на власт од 2016 година. Владината коалиција го номинираше министерот за финансии Ромуалд Ваданџи за свој кандидат, кој, доколку победи, ќе ја продолжи актуелната економска политика на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обид за државен удар во Бенин: војска…
Група војници во западноафриканската држава Бенин, која…
Пронајден починат маж пред поликлиника Ченто
На 06.12.2025 во 07:00 часот во СВР…
Генерално чистење на Железничка станица, отстранет е…
Отстранет е првиот билборд од Железничката станица…
Од граничните премини кон Грција отворен само…
Од граничните премини кон соседна Грција отворен…
Сирски: Украина нема да прифати никаква размена…
Командантот на украинските вооружени сили, генерал Олександр…