Сирски: Украина нема да прифати никаква размена на мир за територија
Командантот на украинските вооружени сили, генерал Олександр Сирски, во интервју за Sky News предупреди дека Москва ги злоупотребува мировните иницијативи посредувани од САД како параван за нови офанзиви по целата фронтова линија.
Според него, Украина нема да прифати никаква „размена на мир за територија“, ниту ќе се согласи на договор што подразбира повлекување од Донбас.
-Ние се бориме токму затоа што не сакаме да ја предадеме нашата земја. За нас е неприфатливо да се отстапи територија. Што значи тоа – да ја предадеме нашата земја – изјави Сирски во интервјуто дадено во источното крило на фронтот, на локација што од безбедносни причини не беше откриена.
Командантот, кој ретко настапува јавно, ги дефинираше и „црвените линии“ на украинската армија.
Според него, единствено праведен договор е оној што ќе предвиди прекин на огнот по актуелната линија на судир, па дури потоа преговори, без какви било услови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…