Од 1 јули стапува на сила забраната за движење низ шумите
Се воведува целосна забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пристапот до шумите ќе биде дозволен исклучиво со писмена дозвола издадена од надлежната подружница на ЈП „Национални шуми“ или од националниот парк што стопанисува со подрачјето.
„За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност“, информираат од Министерството.
Одлуката е донесена по препорака на Владата и на барање на ЈП „Национални шуми“ и националните паркови, а Министерството за земјоделство дало согласност со цел да се намали ризикот од појава на шумски пожари во текот на летниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1 јули стапува на сила забраната…
Се воведува целосна забрана за движење во…
Русите прогласија вонредна состојба на Крим
Руските окупаторски власти прогласија вонредна состојба на…
(Видео) Мал авион се урна во највисокиот…
Мал авион се чини дека удри во…
Оптимизација или продлабочување на проблемите: Опозицијата и…
Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во…
Србин „летал“ со 221 км на час…
Српски државјанин бил лишен од слобода откако…