Од 10-ти до 20-ти мај контроли во сите ланци на маркети – ако покажат зголемени маржи, ќе има мерки за храната

t

Го чекаше Државниот завод за статистика да ја објави инфлацијата за април која стигна 5,7%, а кај храната е 8 проценти, сега ќе го чека новиот извештај на Пазарните инспектори кој ќе покаже дали има потреба од мерки за стабилизирање на цените на храната. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека сега нема девијантно однесување од трговците со зголемување на маржите, а цените на храната растат, бидејќи производите ги увезуваме.

И покрај тоа што по 1 мај требаше да бидат донесени мерки за спречување на растот на цените на прехранбените производи, тоа сè уште не се случи. Половина месец подоцна, Владата сè уште врши контроли за да утврди дали има девијантно однесување од страна на трговците.

-Од 10-ти мај до 20-ти мај е дадено наредба да вршат контроли на сите ланци на маркети. Од она што е неофицијално, бидејќи поминаа 4 дена од контролите што ги прават, неофицијално сум информиран дека има одредено намалување кај цените кај овошјето и зеленчукот, овие денови што се прават. 30 тимови се на терен, на крајот на 20-ти на овој месец ќе ја завршат контролата и таа информација ќе ја достават до Влада и до министерство за економија, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија и труд.

Дурмиши вели дека доколку не се случеше војната на Блискиот Исток, инфлацијата ќе беше 2 проценти. Смета дека сегашната инфлација од 5,7 проценти не е висока ако се има предвид дека во Европа има земји со инфлација и до 10 отсто. Сепак доколку ДПИ утврди зголемување на маржите кај трговците, можно е намалување на ДДВ-то за храната.

-Ако случајно, како минатиот пат гледаме дека девијантно се однесувале трговците, било кој од синџирот на ланците, како сме реагирале минатиот пат, ќе реагираме и овој пат. Кажав минатиот пат дека маржите се намалени во трговците и во производителите и во дистрибутерите. Не е многу намалувањето, но и они преземале некој товар да им излезат во пресрет на граѓаните, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија и труд.

Иако владината просечна потрошувачка кошничка се најавуваше од април лани, Дурмиши вели дека сега е при крај. Рокот за нејзино донесување е 30 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 10-ти до 20-ти мај контроли во…

Го чекаше Државниот завод за статистика да…

Тошковски кажа како ќе постапат за двајцата…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…

(Видео) Драма во центарот на Скопје: Уапсен…

Насилник со пиштол се шетал низ центарот…

Атина предупредува: Нема да толерираме ширење на…

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис,…

Курти ја обвини Србија за „етничко чистење“…

Вршителот на должност премиер на Косово, Албин…