Тошковски кажа како ќе постапат за двајцата Македонци кои ги бара ФБИ

t

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска изјави дека полицијата ќе постапи во рамките на своите надлежности доколку се преземат потребните процесни чекори во врска со информациите од ФБИ дека двајца македонски државјани се бараат во САД за измама и кражба на идентитет, а се наоѓаат во Македонија.

„Во овој момент не можам да споделам повеќе детали од она што излезе во рамките на медиумите. Во секој случај ние ќе постапиме во согласност со нашата надлежност доколку се преземат потребните процесни чекори што треба да се преземат од страна на државата што ја напоменавте и од страна на сите други органи. Така што во делот на МВР, она што е наша надлежност, секако дека ќе постапиме онака како што треба да постапиме“, рече Тошковски.

Македонски државјани во САД се обвинети за измама со „Trump Bucks“, а жртви биле стотици Американци.

Американските федерални власти покренаа обвиненија против двајца македонски државјани, Горан С. и Кристина Ј., кои се товарат за организирање на масовна измама со лажни парични инструменти брендирани како „Трамп бакс“ (Trump Bucks). Според соопштението на Обвинителството за Јужниот округ на Њујорк и Федералното истражно биро (ФБИ), двајцата обвинети во моментов се наоѓаат во бегство во Македонија.

Истрагата открива дека Спиридонов (25) и Јанева (39), заедно со други соучесници, од 2023 година па сè досега мамеле граѓани низ САД, продавајќи им безвредни предмети под лажно тврдење дека се работи за легални и вредни парични средства одобрени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски кажа како ќе постапат за двајцата…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…

(Видео) Драма во центарот на Скопје: Уапсен…

Насилник со пиштол се шетал низ центарот…

Атина предупредува: Нема да толерираме ширење на…

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис,…

Курти ја обвини Србија за „етничко чистење“…

Вршителот на должност премиер на Косово, Албин…

Скок на цените на нафтата по изјавата…

Цените на нафтата денеска пораснаа за повеќе…