Од утре повремен дожд и пониски температури
УХМР најавува дека утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, со слаб до умерен и долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Според прогнозата, и во недела, во попладневните часови, наместа ќе има повремени врнежи од дожд.
-Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира УХМР.
Утре утринските температури ќе се движат од 8 до 13, а дневните од 10 до 19 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 10 до 13 степени.
Во недела максималната температура ќе биде 13 степени, во понеделник 15, а во вторник 18 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени сончеви периоди. По…
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…