Од што живее Максим Димитриевски, ако не е од функционерската плата?
„Јас од плата не живеам“. Ова го истакна во гостување во Клик Плус градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, како коментар на прашањето за намалување на функционерската плата.
– „Ова е прва власт која се откажа од усогласувањето на платите на функционерите. Овој предлог е чисто популистички, за собирање на политички поени, мене лично не ми пречи да се намалат функционерските плати, но од друга страна таму имате луѓе што дневно потпишуваат по 500 документи и имаат кривична одговорност. Јас од платата не живеам, работам од 1998 година, сум инвестирал, работев и во странство, сум го оставил тоа поради политиката, јас од политиката не живеам, затоа и се чувствувам слободен секогаш да го кажам тоа што го мислам.“ – рече Димитриевски.
Од што тогаш живее Максим Димитриевски?

Согласно анкетниот лист Димитриевски има удел во две компании. Едната е Друштво МБ-ИНЦ ДОО Куманово, која е во стечај, а другата е бугарската компанија МБС Глобал, за која нема финансиски податоци, меѓутоа самиот Димитриевски повеќе пати има истакнато дека компанијата не функционира. Во анкетниот лист ја има пријавено и компанијата на неговата сопруга Надица Димитриевска, односно АЈФИКС ДООЕЛ Доброшане Куманово.



Финансиските показатели за компанијата МБ-ИНЦ ДОО Куманово покажуваат дека со години била во загуба.
Го прашавме Димитриевски на кои приходи мисли кога кажува дека не живее од плата, имајќи предвид дека неговата компанија е во стечај, но градоначалникот кратко повторно си ја цитираше изјавата и ни кажа:
„Реков дека работам од 1998 година, сум работел и во странство, се што имам имот е пријавено, а фирмата во Бугарија била само регистрирана кога сум работел приватно, но никогаш не била активирана, ниту вршела било каков промет“ – ни одговори Димитриевски. Неговиот одговор сепак не кажува од каде се приходите.
Инфомакс претходно пишуваше за контроверзни активности на Димитриевски и негови блиски поврзани со ЛИДЛ и со инвеститори во Куманово. Детали за тие текстови можете да прочитате на линковите во продолжение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово
Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…