Како со 2.500 евра се купуваат станови од 8 МИЛИОНИ денари во Куманово?

t

На префалени јагоди не се оди со голема кошница…

Се чини дека и луѓето кои се претставуваат како најчесни и најчисти во македонската политика сепак не биле освежувањето за кое зборуваат. „ЗНАМ“ едно, „ЗНАМ“ друго, а „ЗНАМ“ и како се перат пари и како се да се ќари стан за 2500 ЕВРА?! Во продолжение ќе прочитате како се перат 140.000 евра со злоупотреба на позицијата градоначалник. Ако досега не сфативте, се работи за кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Но да почнеме со ред…

Како да купите стан од 142.000 ЕВРА за 2500 ЕВРА?

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, на ден 17.12.2010 година купува недвижен имот (земјиште, ливади) од петмина сопственици. Ливади, како што е наведено во нотарскот договор за купопродажба на земјиштето, со површина од 10.000 метри квадратни. Димитриевски го купува земјиштето по едно евро за метар квадратен, односно за 10.000 евра. (нотарски договор во продолжение)

Димитриевски во меѓувреме станува градоначалник на Куманово, сега веќе во втор мандат. Овде треба да ја спомнеме компанијата ЕВГЕНИЈА ПЛАН ДОО увоз-извод Куманово, која во меѓувреме добива одобрение за градба и гради зграда на улицата Ленинова во Куманово. Инаку компанијата подолго време има проблеми со технилкиот прием, веројатно кочени од некоја причина (можеби со намера да се ќари стан?!)

12 години подоцна, на 08.08.2022 година, Драган Митевски, кум на градоначалникот Димитриевски, купува два стана од компанијата ЕВГЕНИЈА ПЛАН ДОО и компанијата ИНТЕРТРАНШПЕД. Становите се наоѓаат во истата зграда за која, како што кажавме, компанијата долго време имала проблеми со техничкиот прием.

Митевски од двете компании купува:

– Стан на адреса ул. Ленинова со внатрешна површина од 97 метри квадратни

– посебен/заеднички дел од зграда со внатрешна површина од 8 метри квадратни

– уште еден стан со површина од 97 метри квадратни, во истата зграда, но на различен кат

– посебен/заеднички дел од зграда со внатрешна површина од 8 метри квадратни

– отворена површина од 15 метри квадратни

– отворена површина од 14 метри квадратни

Во членот три од договорот за купопродажба се уредува заедничката сопственост на:

– површина од 33 метри квадратни на истата улица,

– површина од 849 метри квадратни исто така на улицата ленинова

Дополнително се уредуваат заедничките простории и слично, но сето ова господинот Драган Митевски го купува за 8.753.170 денари или нешто повеќе од 142 ИЛЈАДИ ЕВРА. Запаметете ја сумата, затоа што подоцна ќе направиме споредба.

Кратко потоа, на 03.11.2022 година, кумот на Димитриевски „му го продава“ едниот стан на Максим Димитриевски, но не за цена од над 4 милиони денари, како што би било логично, туку за практично 2.500 денари, а еве и зошто.

Се сеќавате на ливадите кои Димитриевски ги купува во 2010 година, 10.000 метри квадратни за 10.00 евра? Епа Димитриевски го разменува едниот стан за една четвртина од земјиштето, односно за 2.500 метри квадратни, што ги купил за 2.500 евра.

Е сега, брат за брат, сирење за пари. Кој би продал некому нешто што вреди речиси 4,4 милиони денари за 2.500 евра? Освен, ако двајцата не ги добиваат становите како „подарок“ за тоа што некој се смилувал да одобри технички прием на зградата, па инвеститорите да можат нормално да функционираат.

Како се перат 140.000 евра?

За се досега кажано, односно сите купопродажби и размени има соодветни документи, како што и самите можевте да видите. Спорни овде се и осумте милиони со кои кумот на Димитриевски ги купува двата станови во зградата на улица Ленинова. Дали можеби и парите се добиени во кеш од компанијата која со месеци чекала технички прием, не можеме да тврдиме. Митевски и Димитриевски ќе треба да го докажат потеклото на парите со кои се купени становите.

Она што е неспорно, е дека со 2.500 евра, колку што чини четвртина од земјиштето за кое е разменет еден стан, се исправи 140.000 евра, по половина на Димитриевски и Митревски (бидејќи двајцата ќарат по еден стан).

Што вели анкетниот лист во ДКСК?

Димитриевски го пријавил станот во анкетниот лист во Државната комисија за спречување на корупција, но со спорна вредност.

Како што можете да видите, во анкетниот лист станот е заведен со вреднот од 3.950.000 денари. Димитриевски станот го купува со размена на земјиште вредно 2.500 ЕВРА! Разликата е 3.797.500 ДЕНАРИ!

Дополнително, ДКСК во 2023 година има оформено предмет за овој случај, по анонимна пријава до комисијата, но истиот бил запрен, како што велат поради недостаток на докази. ДКСК го известило Министерството за внатрешни работи за понатамошно постапување по предметот.

Што вели Димитриевски?

Градоначалникот Димитриевски демантира дека ја злоупотребил службената положба, како што вели тој станот е купен со чесно заработени пари, но потврдува дека се кумови до Митевски.

– Не се точни наводите за проценките на имотот на земјиштето, ниту во делот на техничкиот прием кој не го врши Општина Куманово туку орган за надзор избран од страна на инвеститиорт. Точно е дека сум се стекнал со стан на таа локација, за којшто имам заменето имот, којшто согласно сите проценки од државни институции и проценители вреди колку што и истиот имот и за разликата согласно законот е доплатено данок, сето тоа уредно е пријавено во ДКСК.

Ниту имам злоупотребено ниту пак некогаш ќе злоупотребам позиција за било што. – вели Димитриевски.

Во врска со вредноста на земјиштето кое Димитриевски го разменува за стан, тој вели дека вредноста на земјиштето е зголемена поради промена на деталниот урбанистички план, односно пренамена на земјиштето. Како што вели Димитриевски тој простор сега се урбанизира и тој не влијаел на промената на деталниот план за пренамена на земјиштето (иако во периодот од 2011 до 2017 година е член на советот, еден мандат и претседател на Советот).

Интересно нели? За крај, да повториме.

Максим Димитриевски, заедно со неговиот кум Драган Митевски, практично перат 140.000 евра. Овде се поставуваат прашањата: Дали Димитриевски ја злоупотребил службената положба и овластување со влијание на постапката за технички прием на зградата? Од каде се осумте милиони со кои кумот на Димитриевски „ги купува“ двата станови и дали се добиени во кеш од истата компанија која имала проблеми со техничкиот прием? Како за 2.500 евра се купува стан што вреди 70 илјади евра?

Податоците се јавно достапни, ОЈО и МВР имаат чист предмет задача и можност да го проверат текот на парите и да го истражат овој случај со кој градоначалникот на Куманово и неговиот кум ќарат двајцата по еден стан и практично перат 140.000 евра или над 8.6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како со 2.500 евра се купуваат станови…

На префалени јагоди не се оди со…

Внатрешните несогласувања во ЕУ се пречка за…

Компромисот во блокот е попречен од подемот…

САД: Немаме повеќе пари за финансирање на…

Американската влада нема повеќе пари за финансирање…

Денис Шмигал соопшти дека Украина ја доби…

„Украина ја доби деветтата транша од макрофинансиската…

Обид за убиство во Куманово: Го прободел…

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.А.(35)…