Одложен почетокот на судењето за полицајците обвинети за „Пулс“: Се бара спојување со големиот предмет
Првото рочиште за 13-те полицајци обвинети за „Пулс“ се одложи на самиот старт. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска го одложи судењето, оти еден од адвокатите на 11 март побарал одложување бидејќи имал притворски предмет во Кочани.
Адвокатот испратил замена, но само за да се договори динамиката на судењето, а не и да се одржи рочиштето. Но, вчера и денеска во судот стигнале еден куп докази од адвокатите од речиси сите обвинети, па судот и јавното обвинителство немале можност да се запознаат.
Едно од барањата за одложување е и барањето за спојување на овој предмет со големиот предмет во кој се опфатени 35 обвинети, со образложение дека постапувањето на обвинителството било скандалозно и дека за истата трагедија обвинителството има различни теории на случај.
Обвинителката кај која сега се предметите, Спасенка Андонова одби да го коментира ова барање со образложение дека и требало време да го разгледа. Сепак, уверува дека иако сега ги презема трите предмети за полицајците кои ги почна обвинителката Ивана Трајчева, нема да има застој во судењата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одложен почетокот на судењето за полицајците обвинети…
Првото рочиште за 13-те полицајци обвинети за…
Стојанче ги тепал Ивана и Катја секоја…
Сведокот Мартин Саздов пред судот посочи дека…
Стојанче ми рече дека Катја му е…
Сведокот во предметот и поранешен пријател на…
Обвинителите вчера добиле допис од МВР за…
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал…
Тројца полицајци обвинети за „Пулс“ се изјаснија…
Со сослушување на сведоци предложени од одбраната,…