Околу 100.000 работни места во „Фолксваген“ може да бидат укинати

t

Извршниот директор на „Фолксваген“, Оливер Блум, планира големо реструктуирање на компанијата што би можело да доведе до елиминација на до 100.000 работни места низ целиот свет во следните неколку години. Во исто време, компанијата има намера да ги намали инвестициите за околу 15 проценти во текот на следните пет години, на нешто над 130 милијарди евра.

Според германскиот магазин „Менаџер“, Блум и финансискиот директор Арно Антиц сакаат темелна реорганизација на концернот. Планот вклучува одвојување на основниот бренд „Фолксваген“ и секторот за автоделови од сегашната група и нивно претворање во посебни компании, објавува „Ројтерс“.

Среднорочните планови вклучуваат и затворање на неколку производствени погони во Германија. Станува збор за фабриките во Хановер, Цвикау и Емден, како и фабриката на „Ауди“ во Некарзулм, при што производството ќе се прекине по завршувањето на животниот циклус на моделите што моментално се произведуваат таму.

„Фолксваген“ досега не ги коментираше овие обвинувања, па затоа не е познато дали и до кој степен плановите ќе бидат имплементирани. Доколку се потврди, тоа би била една од најголемите реорганизации во историјата на компанијата, со значајни последици за вработувањето и производствената мрежа на германскиот автомобилски гигант. Само еден ден претходно, „Фолксваген“ постигна договор за продажба на контролниот пакет акции во „Еверленс“, порано познат како „МАН Енерџи Солушнс“, на американскиот инвестициски фонд „Бејн Капитал“.

Се очекува трансакцијата да му донесе на германскиот производител на автомобили околу 7,4 милијарди евра, што е повеќе од понудите на другите заинтересирани фондови. Според договорот, „Бејн Капитал“ ќе преземе 51 процент од сопственоста, додека „Фолксваген“ ќе задржи 49 проценти од акциите и ќе остане значаен ко-сопственик на компанијата. Целта на продажбата е да се ослободат дополнителни финансиски ресурси во време кога „Фолксваген“ спроведува обемни мерки за штедење и реорганизација во својот автомобилски бизнис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Околу 100.000 работни места во „Фолксваген“ може…

Извршниот директор на „Фолксваген“, Оливер Блум, планира…

Минималниот износ за К-15 изнесува 19.116 денари

Од 1 јули компаниите во приватниот сектор…

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната…

Големи економски реформи во Куба: Се преминува…

Кубанскиот парламент едногласно одобри вонреден пакет економски…

Мицкоски: Владата ќе реагира ако маркетите не…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во…