Општина Бутел воведува комунални редари — ќе казнуваат непрописно одлагање отпад и вандализам

t

Поради големиот број депонии и непрописното одлагање отпад, Општина Бутел воведува комунални редари кои, како што велат од локаланата самоуправа, ќе имаат засилени теренски контроли и ќе треба да го одржуваат комуналниот ред во општината.

Општинските комунални редари ќе работат во две смени, со службени возила и ќе санкционираат несовесното фрлање отпад, создавањето диви депонии, уништување на општински имот, како и другите прекршувања на комуналниот ред, а патролите ќе се вршат низ цела општина.

Од Општина Бутел соопштија дека со воведувањето на комуналните редари се очекува поголема контрола врз состојбата на јавните површини, спречување на создавањето диви депонии и подигнување на свеста за правилно одлагање на отпадот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Бутел донираше 22.000 литри вода за…

Општина Бутел денеска донираше 22.000 литри вода…

Бутел и Аеродром денеска без струја, најавени…

Од ЕВН Македонија АД  известуваат дека денеска (петок)…

Левица Бутел: Костовски без срам повторно го…

Локалниот огранок на Левица – Бутел реагира…

Уште една бронзена биста украдена од гробиштата…

Жител на Волково вчера пријавил дека од…

Болест: Украдена биста на почината жена од…

Скопјанец пријавил дека била одземена биста со…