Општина Могила со финансиска поддршка за младите – 10.000 денари за првороденче, 30.000 за трето дете и 20.000 за нов брак

t

Градоначалникот на Општина Могила Драганчо Саботковски информираше дека оваа година Буџетот на Општината предвидува финансиска помош за новороденчиња и новосклучени бракови во висина од 10.000 до 30.000 денари.

Општината ќе одвои 10.000 денари за секое првородено дете, 15.000 денари за второродено и 30.000 денари за трето дете. Исто така, за секој новосклучен брак, сопружниците ќе добијат надоместок од 20.000 денари.

„Ова не е само финансиска помош, ова е јасна и силна порака дека семејството, децата и младите се наш приоритет. Сите воведени мерки се со цел стимулирање и зачувување на наталитетот, како и создавање услови младите да останат, да создаваат семејства и да ја градат својата иднина во општина Могила“, соопшти Саботковски.

Според Државниот завод за статистика, оваа пелагониска општина се соочува со негативен природен прираст на населението, земајќи предвид дека во 2010 година во Могила имaше 66 новороденчиња, а во 2024 бројот изнесува помалку од половина, односно 30 новородени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колегите од неврологија со поддршка за д-р…

Колегите од Клиниката за неврологија преку писмо…

По 1.000 денари месечно за струја за…

Над 3.500 домаќинства од ранливи категории една…

(Видео) ЌЕ РЕАГИРА НЕКОЈ ИЛИ ТРЕБА ДА…

Мостот на патот Могила-Радобор е одвоен од…

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…