Општински совет е надлежен за миграциска политика колку играорно друштво за тревата

t

*Објава на Фејсбук на Ивон Величковски:

Општински совет е надлежен за миграциска политика колку играорно друштво за тревата

Наспроти предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за општински декларации по миграциската политика, го повторувам предлогот на НОВА РЕПУБЛИКА од пред два дена:

Собраниска Декларација дека 🇲🇰 не може да биде крајна дестинација на депортирани мигранти. На целата територија.

Обидот дебатата да се сведе на 3-4 општини не значи дека останатите не се засегнати.

Деловникот на Собранието овозможува било кој опозициски пратеник да предложи ваква Декларација – уште вчера. СДСМ личи дека го прифати предлогот зборувајќи за резолуција.

За таков документ нема потреба да се чека потпис од ВМРО-ДПМНЕ. Се друго е само „вртење во круг“.

🫵 Доколку опозицијата нема обврски кон власта – Декларацијата ќе ја поднесе во собраниската Архива веднаш, а кој сака од мнозинството нека се јави како ко-предлагач.

🫵 Доколку власта нема тајни обврски – Декларацијата ќе има огромно мнозинство.

Во спротивно, политиката на Владата гласи „уставни дополнувања за членство во ЕУ – не, за мигранти – ќе се договориме” и мнозинството ќе гласа против.

НОВА РЕПУБЛИКА не води политика на дневна основа. Затоа повикавме на донесување Декларација во име на националниот интерес.

Миграции имало и ќе има и 🇲🇰 ќе биде солидарна и во ова прашање со своите сојузници.

Но, со миграциска политика која за НОВА РЕПУБЛИКА се води според:

❗️потребното на домашниот пазар на труд – а не според наметнатото, како „трета земја,“и

❗️проекциите и можностите, а не како ризик по националната безбедност и економија.

ЕУ ги депортира мигрантите во трети земји. Што подолго сме вон 🇪🇺 и економски и системски заостанати, ќе останеме „трета земја“ – дестинација за „депортирани мигранти“ од 🇬🇧, 🇪🇺 или други држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општински совет е надлежен за миграциска политика…

*Објава на Фејсбук на Ивон Величковски: Општински…

Мециновиќ: Договорот за мигранти со Британија мора…

Во синоќешното гостување на ТВ24, пратеникот од…

ВМРО-ДПМНЕ планира да земе мигранти и кредит…

Со кредитот од 6 милијарди евра да…

Курти: Косово ги прифаќа мигрантите депортирани од…

Косово почна да прифаќа мигранти што Соединетите…

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама…

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во…