Објавено на:

Орбан реизбран за лидер на Фидес

t

Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април од централнодесничарската партија Тиса.

Орбан (62) беше инспирација за десничарските конзервативци низ Европа и САД како креатор на тоа што тој го нарече „нелиберален“ модел на демократија. По поразот на Фидес, политичката иднина на Орбан беше доведена во прашање, а тој се соочи со притисок од некои поранешни лојалисти да се повлече од политиката, што е прва таква отворена критика откако дојде на власт во 2010 година.

На денешниот конгрес на партијата за реизборот на Орбан гласаа  729 од вкупно 737 делегати, објави државната агенција МТИ. Тој немаше противкандидат.

„Не се откажувам, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш не се откажувам“, изјави Орбан во говорот пред гласањето на конгресот, повторувајќи дека ја презема целосната одговорност за изборниот пораз на партијата.

Тој додаде дека Фидес 16 години беше „фантастична владејачка партија“, но дека треба да помине низ промени за да стане функционална опозициска партија што би можела повторно да владее.

На априлските избори, партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар освои двотретинско парламентарно мнозинство, што беше доволно за да ги поништи уставните измени на Орбан.

Според анкетите на јавното мислење, Фидес ја изгуби поддршката од изборите досега. Мајската анкета на Институтот Публикус покажа дека Тиса има 55 проценти поддршка, во споредба со 53 проценти што ги обезбеди на изборите, додека поддршката за Фидес падна на 17 проценти, во споредба со 39 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан реизбран за лидер на Фидес

Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска…

Се бара истрага за функционери од владата…

Високи функционери во владата на поранешниот унгарски…

Унгарија ги ограничува дозволите за вработување работници…

Унгарскиот премиер Петер Маѓар го ограничи приливот…

Унгарија ги одобри преговорите за членство на…

По постигнатиот договор со Украина на амбасадорско…

Маѓар го тргна ветото: Новата влада ја…

Новата унгарска влада се откажа од двегодишната…