Објавено на:

Унгарија ги одобри преговорите за членство на Украина во ЕУ

t

По постигнатиот договор со Украина на амбасадорско ниво, Унгарија го одобри отворањето на првата фаза од преговорите за пристапување на Киев во Европската Унија, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар.

„Украинската страна ги направи потребните законски измени во предвидениот рок, а нашите унгарски сонародници што живеат во Закарпатија, во Украина, конечно ќе ги вратат своите фундаментални права. Во овој поглед, успеавме да одобриме, на амбасадорско ниво, отворање на првата фаза од преговорите со Украина од страна на ЕУ“, рече Унгарецот на прес-конференција со ирскиот премиер Мајкл Мартин.

Унгарскиот премиер нагласи дека „отворањето на поглавје од преговорите не е исто што и неговото затворање“, истакнувајќи дека за да ги затвори поглавјата, Украина ќе мора да докаже дека ги исполнила своите ветувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Муцунски: Унгарија останува силен поддржувач на европската…

Во рамките на министерскиот состанок на неформалната…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…

Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…

Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…

Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…

Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…