Орбан: Унгарија нема да ја напушти ЕУ – таа ќе се распадне сама од себе
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија нема да ја напушти Европската Унија, но оцени дека Унијата „ќе се распадне сама од себе“ поради, како што рече, хаосот во нејзиното раководство. Изјавата беше дадена на меѓународна прес-конференција одржана во понеделникот.
Орбан ја отфрли можноста за излез на Унгарија од ЕУ, наведувајќи дека земјата е премала за таков чекор, но истакна дека иднината на Унгарија е во рамки на ЕУ и НАТО – со „суверена надворешна и економска политика“.
„Членството во ЕУ е важна можност, но ако сме врзани само за еден блок, ќе го испиеме целиот сок. Разумно е да имаме најдобри можни односи со сите блокови – со Америка, Русија, Кина, арапскиот свет и турскиот свет“, изјави Орбан.
Унгарскиот премиер повторно го обвини Брисел дека се обидува да ја отсече Унгарија од руските извори на нафта и гас. Според него, владата се брани преку правни постапки против Европската комисија и политички се спротивставува на европските регулативи, со надеж дека санкциите ќе бидат укинати до 2027 година, кога, како што тврди, ќе заврши војната.
И покрај санкциите, Унгарија обезбеди исклучоци за увоз на руска енергија и останува силно зависна од руската нафта и гас.
Орбан ја пофали и улогата на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека американската операција во Венецуела и апсењето на Николас Мадуро означуваат „нова ера во меѓународната политика“.
Според Орбан, со Венецуела под американско влијание, САД би можеле да контролираат меѓу 40 и 50 отсто од светските резерви на нафта, што би имало значително влијание врз глобалните цени на енергијата и, потенцијално, би било корисно и за Унгарија.
Орбан повтори дека Унгарија нема да ѝ даде финансиска помош на Украина, ниту пак кредити.
„Имаме пари само ако не ги даваме на други. Затоа не ги даваме на Украина“, рече тој, додавајќи дека, според него, Киев не би можел да ги врати тие средства.
Во однос на миграцијата, Орбан порача дека Унгарија нема да дозволи Брисел да ѝ диктира „со кого треба да живее“. Тој ја одби и најавената европска регулатива според која земјите-членки би требало да прифатат одреден број мигранти и да обработуваат илјадници барања за азил.
Орбан оцени дека инаугурацијата на Трамп ѝ задала „завршен удар“ на, како што ја нарече, либералната светска поредок и дека светот влегува во „ерата на нациите“. Себеси се опиша како еден од првите носители на таа промена уште од 2010 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан: Унгарија нема да ја напушти ЕУ…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија…
СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите
Прашањето на македонскиот јазик и Планот за…
ЕУ повикува на смиреност и воздржаност за…
Европската Унија ги повика САД и Венецуела…
Фон дер Лајен: ЕУ е со народот…
ЕУ стои зад народот на Венецуела и…
ЕУ: Мадуро немаше легитимитет
Европската Унија се огласи по соборувањето на…