„Орешник“ ја уништи фабриката за ремонт на авиони во Лавов – соопшти руското МО
Напад со ракетата „орешник“ ја уништил државната фабрика за поправка на авиони во Лавов, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во оваа фабрика биле поправани и одржувани авиони на Вооружените сили на Украина, вклучувајќи ги и авионите Ф-16 и МиГ-29, кои биле предадени од западните земји. Во овој објект, исто така, се произведувале беспилотни летала со долг и среден дострел, кои биле користени за напади врз руски цивилни цели длабоко во внатрешноста на руската територија.
Со овој удар, извршен во ноќта на 9 јануари, погодени биле и производствените погони, складиштата за беспилотни летала и инфраструктурата на фабричкиот аеродром.
Во рамките на масовниот удар, кој вклучувал употреба на ракетите „Искандер“ и „Калибар“, во Киев биле оштетени производствените погони на две претпријатија, како и енергетски објекти кои го поддржуваат работењето на украинскиот воено-индустриски комплекс.
Руските трупи презедоа контрола над местото Новобојковско во Запорошката област
МОСКВА – Руските вооружени сили ја презедоа контролата над местото Новобојковско во Запорошката област, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Како резултат на решителните дејствија на единиците на Дњепарската група сили, селото Новобојковско во Запорошката област е ослободено“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.
Покрај тоа, војската ги поразила формациите на четири украински бригади во реоните на селата Кирово и Јурковка и градот Орехово во Запорошката област, како и селото Садово во Херсонската област.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските вооружени сили изгубиле до 50 војници, шест возила и едно артилериско орудие.
Во неделата беше соопштено дека руските сили го ослободиле селото Белогорије во Запорошката област. Според податоците на министерството, за време на офанзивата биле уништени до 75 украински војници, едно борбено пешадиско возило, 21 возило, артилериско орудие, повеќецевен ракетен систем и два складишта за муниција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Орешник“ ја уништи фабриката за ремонт на…
Напад со ракетата „орешник“ ја уништил државната…
НОВ СКАНДАЛ ВО МЗШВ: Сточарите гневни на…
Сточарот од село Велушина, Тони Петковски-Паша реагира…
Вучиќ: Сакам Србија да биде безбедна и…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес пристигна…
ССМ излегуваат на протести: Се бара минимална…
Нема никаков напредок околу прашањето за зголемување…
Романтиката се претвори во хорор: Прскалки на…
Прскалки поставени на свадбена торта, закачена на…