Османи се налути и за билбордот на влезот на Скопје: „Недостига албанскиот јазик, прикажани се Крстот на Водно и Букефал, а ги нема чаршијата и џамиите“
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, остро реагираше на новото обележје поставено на влезот во Скопје, оценувајќи дека главниот град е претставен еднострано и без албанската заедница.
Во објава на социјалните мрежи, Османи наведува дека на билбордот со кој Скопје ги пречекува посетителите воопшто не е застапен албанскиот јазик, иако, како што посочува, главниот град е двојазичен.
„На билбордот со кој Скопје ги пречекува посетителите целосно недостига албанскиот јазик, иако главниот град е двојазичен, а неговиот идентитет со векови го граделе различни етнички, културни и верски заедници“, наведува Османи.
Тој посочува дека на обележјето се прикажани Крстот на Водно и споменикот на Букефал, додека, според него, изоставени се Старата скопска чаршија, Скопското Кале, џамиите и симболите што го претставуваат албанското, исламското и османлиското наследство на градот.
„Ова е неприфатливо исклучување на суштински дел од историјата, културата и денешната реалност на Скопје“, наведува Османи.
Тој побара градските власти веднаш да го отстранат билбордот и јавно да соопштат кој ја одобрил, како што ја нарече, „едностраната и дискриминаторска“ претстава на главниот град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи се налути и за билбордот на…
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, остро реагираше…
Удар од гром усмрти 97 овци на…
Удар од гром на Алпите усмрти 97…
Мнозинството Полјаци се против прифаќање нови украински…
Повеќе Полјаци се противат на прифаќањето бегалци…
Германскиот пратеник Јенс Шпан поднесе оставка поради…
Претседателот на пратеничката група на Христијанско-демократската унија…
Ѓоковиќ: Крајот на кариерата ми е поблиску…
По пензионирањето прво на Роџер Федерер, а…