Осуденик од Велес крадел додека бил на викенд отсуство од затвор
Синоќа во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода У.Ф.(35) од Велес.
Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека од двор на 54-годишен сограѓанин одзел разни предмети.
При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство.
У.Ф. бил спроведен во установата, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осуденик од Велес крадел додека бил на…
Синоќа во 20:40 часот во Велес, полициски…
Пехчевец убедил дете да му ја украде…
Пехчевец, на 21-годишна возраст наговорил дете да…
Жена почина во болница по тешка сообраќајка…
На 08.07.2026 во 13:50 часот во СВР…
Скопјанец возел 168 на место каде е…
На 08.07.2026 во 18:15 часот на патот…
Жена ограбила и нападнала друга жена среде…
Скопјанка вчераутро пријавила во полиција дека фатила…