Објавено на:

Скопјанец возел 168 на место каде е дозволено 80 километри на час

t

На 08.07.2026 во 18:15 часот на патот Гостивар–Тетово, на клучката кај с.Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Б.С.(32) од с.Глумово, скопско. При контрола на патниот сообраќај и мерење со радар, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки, било констатирано дека го управувал возилото со брзина од 168 километри на час на место каде што дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час. Б.С. задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…