Осум активни пожари низ Македонија, еден под контрола

t

На ден 29.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 1 е под контрола, а 9 се изгаснати.

Активни пожари – 8:
Општина Ресен – с. Бела Црква – с. Подмочани, борова шума и ниска вегетација;
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с. Палиград, во правец на Преслап (Општина Зелениково), мешана шума;
Општина Сарај – с. Копаница – с. Радуша, нискостеблеста шума и ниска вегетација;
Општина Петровец – с. Горно Коњари – с. Дивљан, мешана шума и ниска вегетација;
Општина Јегуновце – с. Копанце, мешана шума;
Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, ниска вегетација и единечни дрва;
Општина Прилеп – с. Алинци, депонија;
Општина Прилеп – кај Касарната во Прилеп, ниска вегетација.

Пожар под контрола – 1:
Општините Гостивар и Македонски Брод – кај с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане, при што пожарот се прелева на територијата на Општина Македонски Брод. Зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Изгаснати пожари – 9:
Општина Битола – кај тунелот на обиколницата, ѓубре и кабли;
Општина Долнени – с. Црнилиште, ниска вегетација;
Општина Прилеп – с. Витолиште, м.в. Рамна Нива, ниска вегетација;
Општина Струмица – с. Куклиш, ѓубре и ниска вегетација;
Општина Босилово – с. Бориево, депонија;
Општина Струга – с. Корошишта, стрниште и ниска вегетација;
Општина Градско – с. Виничани, кај турските гробишта, ниска вегетација и дрвја;
Општина Куманово – Агино Село, ниска вегетација и стрниште;
Општина Липково – с. Матејче, ниска вегетација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум активни пожари низ Македонија, еден под…

На ден 29.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Силно невреме во Босна и Херцеговина

Обилни дождови проследени со силен ветер и…

Трамп откако се договори со Венецуела: „Најголем…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД…

27 годишен тетовчанец украл ташна со телефон…

Полицијата во Тетово лишила од слобода 27-годишен…

Трагедија во Србија: Полицаец го убил зетот…

Граничниот полицаец Б.К. денеска во Велико Градиште,…