Осум часовна блокада пред влезот на „Усје“: активисти ќе прават „Блокада фест“ идниот петок
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави осумчасовна блокада пред влезот на Титан Усје на 27 февруари, под слоганот „Блокада фест“, со почеток во 15 и завршување во 23 часот.
Од иницијативата порачуваат дека настанот нема да биде само блокада, туку, како што наведуваат, „гласен, жив и солидарен отпор“. Тие најавуваат и дополнителна програма и учество на изведувачи, чии имиња ќе бидат соопштени во наредниот период.
Активистите повторно ги истакнуваат своите барања за дислокација на цементарницата, како и поставување мерни станици чии податоци ќе бидат јавно достапни и следливи во реално време. Според нив, граѓаните имаат право на целосна транспарентност во однос на квалитетот на воздухот и влијанието на индустриските капацитети.
Од друга страна, од „Титан Усје“, повикувајќи се на независни студии и хемиски анализи, тврдат дека индустријата има значително помало влијание врз загадувањето на воздухот во споредба со загревањето на домовите, сообраќајот, градежните активности и палењето на отворено. Компанијата бара еднаков третман за сите субјекти и оценување на нејзината работа врз основа на стручни параметри и законски прописи, а не, како што наведуваат, врз лични и паушални ставови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум часовна блокада пред влезот на „Усје“:…
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави осумчасовна…
„Немам непријатели“: Здравко Чолиќ два часа на…
Здравко Чолиќ поминал речиси два часа во…
Виткоф: Тамп е изненаден зошто Иран сè…
Претседателот на САД Доналд Трамп е изненаден…
Мециновиќ: Ќе ни прават „Блекрок“, ќе станеме…
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ,реагираше на социјалните…
Врховниот лидер на Иран очекува атентат, тој…
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им…