Осум часовна блокада пред влезот на „Усје“: активисти ќе прават „Блокада фест“ идниот петок
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави осумчасовна блокада пред влезот на Титан Усје на 27 февруари, под слоганот „Блокада фест“, со почеток во 15 и завршување во 23 часот.
Од иницијативата порачуваат дека настанот нема да биде само блокада, туку, како што наведуваат, „гласен, жив и солидарен отпор“. Тие најавуваат и дополнителна програма и учество на изведувачи, чии имиња ќе бидат соопштени во наредниот период.
Активистите повторно ги истакнуваат своите барања за дислокација на цементарницата, како и поставување мерни станици чии податоци ќе бидат јавно достапни и следливи во реално време. Според нив, граѓаните имаат право на целосна транспарентност во однос на квалитетот на воздухот и влијанието на индустриските капацитети.
Од друга страна, од „Титан Усје“, повикувајќи се на независни студии и хемиски анализи, тврдат дека индустријата има значително помало влијание врз загадувањето на воздухот во споредба со загревањето на домовите, сообраќајот, градежните активности и палењето на отворено. Компанијата бара еднаков третман за сите субјекти и оценување на нејзината работа врз основа на стручни параметри и законски прописи, а не, како што наведуваат, врз лични и паушални ставови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…