Откажани авионски летови во Турција поради снежната бура
Обилните снежни врнежи што ја зафатија Турција донесоа големи проблеми во сообраќајот и секојдневието. Ниските температури и мразот предизвикаа прекин на наставата во повеќе провинции, а авиосообраќајот е сериозно нарушен.
Најголем удар претрпе националната авио-компанија „Туркиш ерлајнс“. Портпаролот Јахја Устун соопшти дека за 31 декември се откажани 61 лет, најмногу на релации кон централните и источните делови на земјата. Тој нагласи дека одлуките се донесени исклучиво поради безбедноста на патниците.
Метеоролозите предупредуваат на продолжени врнежи и заладување, а властите апелираат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да бидат внимателни на патиштата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откажани авионски летови во Турција поради снежната…
Обилните снежни врнежи што ја зафатија Турција…
Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
Турција годинава ја погодија вкупно 53.262 земјотреси,…
Турската полиција приведе 110 осомничени лица во…
Турската полиција приведе 110 осомничени лица во…
Седум турски полицајци ранети во престрелка со…
Членови на терористичката група Исламска држава отворија…
Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско…
По основ на македонско потекло, во изминативе…