Турската полиција приведе 110 осомничени лица во рација против Исламска држава
Турската полиција приведе 110 осомничени лица во рација против групата Исламска држава, еден ден откако тројца полицајци и шест милитанти беа убиени во пукотница во северозападниот дел на земјата, соопшти канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул.
Операцијата траеше осум часа во градот Јалова на Мраморното Море, една недела откако повеќе од 100 осомничени лица беа приведени поради наводни планови за божиќни и новогодишни напади.
Осум полицајци и уште еден член на безбедносните сили беа ранети за време на рацијата.
Полицијата изврши рации во 114 адреси во Истанбул и две други провинции, запленувајќи дигитални материјали и документи.
Од 115 осомничени лица по кои се трага, 110 беа уапсени, соопшти канцеларијата на обвинителството.
Турските власти ги засилија операциите против членовите на ИСИС оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…
Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…