Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер на шампионскиот трон
Екипата на Пелистер и официјално ја отвори новата ера со промоцијата на легендарниот хрватски стратег Лино Червар за нов шеф на стручниот штаб. Искусниот тренер стави потпис на двегодишен договор и ќе го предводи битолскиот состав во сезоната 2025/26.
Во битолскиот клуб јасно порачуваат дека амбициите остануваат шампионски, а ангажманот на Червар е потврда дека „зелено-белите“ сакаат дополнително да напредуваат по трите освоени титули во домашниот шампионат и настапите во Лигата на шампионите.
„Чест ми е што доаѓам во Пелистер, кој има голема ракометна традиција. Ќе направам сè со моето искуство и заедно со играчите и управата да промовираме нови идеи како на спортски, така и на организациски план“, изјави Червар.
Хрватскиот стратег важи за едно од најголемите тренерски имиња на Балканот. Во својата богата кариера ги водеше репрезентациите на Италија, Хрватска и Македонија, а на клупски план работеше во Загреб и Металург. Со хрватската репрезентација освои олимписко и светско злато, додека во македонскиот ракомет остави силен белег преку успесите со Металург и националниот тим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер…
Екипата на Пелистер и официјално ја отвори…
Изгубен планинар на Пелистер – во тек…
На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во…
Успешна акција за спасување на планинар на…
По пријава на повредено лице од страна…
(Фото) Снежна бајка на Пелистер
Снегот го побели врвот на Пелистер. Ова…
Спектакл во Битола: Пелистер и Вардар ќе…
Утре од 19:00 часот на Тумбе Кафе…