Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер на шампионскиот трон

t

Екипата на Пелистер и официјално ја отвори новата ера со промоцијата на легендарниот хрватски стратег Лино Червар за нов шеф на стручниот штаб. Искусниот тренер стави потпис на двегодишен договор и ќе го предводи битолскиот состав во сезоната 2025/26.

Во битолскиот клуб јасно порачуваат дека амбициите остануваат шампионски, а ангажманот на Червар е потврда дека „зелено-белите“ сакаат дополнително да напредуваат по трите освоени титули во домашниот шампионат и настапите во Лигата на шампионите.

„Чест ми е што доаѓам во Пелистер, кој има голема ракометна традиција. Ќе направам сè со моето искуство и заедно со играчите и управата да промовираме нови идеи како на спортски, така и на организациски план“, изјави Червар.

Хрватскиот стратег важи за едно од најголемите тренерски имиња на Балканот. Во својата богата кариера ги водеше репрезентациите на Италија, Хрватска и Македонија, а на клупски план работеше во Загреб и Металург. Со хрватската репрезентација освои олимписко и светско злато, додека во македонскиот ракомет остави силен белег преку успесите со Металург и националниот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Срничка нападната од куче спасена на…

Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија…

ГОЛЕМ ГЕСТ НА ПЕЛИСТЕР: Се појавија со…

Фудбалскиот клуб Пелистер упати искрено сочувство до…

Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер…

Екипата на Пелистер и официјално ја отвори…

Изгубен планинар на Пелистер – во тек…

На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во…

Успешна акција за спасување на планинар на…

По пријава на повредено лице од страна…