ОЈО ГОКК: Сѐ уште трае акцијата за заплена на марихуана низ Македонија
Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, обвинителството ја информира јавноста дека континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство.
Постапувањето се одвива во континуирана координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги.
Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе помогнат да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната. Воедно, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и факти релевантни за постапката.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со надлежните институции, продолжува со преземање на дејствија за целосно расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде навремено информирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ГОКК: Сѐ уште трае акцијата за…
Во рамките на опсежната акција што се…
Истражна постапка за три лица – собирале…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
За демонстрантите без возачки дозволи се испитуваат…
Обвинителството и полицијата координирано преземаат мерки и…
Царинската управа лани поднела 213 кривични пријави…
Одделението за истраги при Секторот за контрола…
ОЈО оформи предмет за лицата кои му…
Во насока на заложбите за заштита на…