Истражна постапка за три лица – собирале оружје и пари за да ги одмаздат своите браќата

t

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица од Скопје.

Постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „злосторничко здружување“и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Во рамките на предистражна постапка е утврдено дека постои сомневање дека лицата се организираат за одмазда на своите браќа кои во текот на минатата година беа обвинети и осудени за кривично дело „терористичка организација“. Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи. Постојат сомневања дека се преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство и дека се користени за пропаганда и активности на исламската држава, како и за набавка на оружје.

По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а под раководство на јавниот обвинител од ОЈО ГОКК вчера беа извршени претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје. При претресите се пронајдени и одземени парчиња огнено оружје, електронски уреди и други материјални докази.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, поради постоење на законските основи предвидени во Законот за кривична постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Живеат во страв за својот живот, маж…

Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…

ОЈО бара забрана за предавање за професорката…

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…

Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…

ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…

ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…

Украле 3.5 милиони евра и избегале од…

Два цели денови им беа потребни на…