Папата Лав XIV во историска посета на Турција
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денеска ја започнува својата прва задгранична, апостолска посета откако беше избран на функцијата.
Патувањето, кое ќе трае до 30 ноември, е посветено на две клучни цели: промовирање на христијанското единство преку историското одбележување на 1700-годишнината од Никејскиот собор, како и зацврстување на односите со муслиманската заедница во земјата.
Посетата на Турција е прва етапа од поширокото апостолско патување што ќе продолжи во Либан од 30 ноември до 2 декември, со што папата Лав XIV ја исполнува желбата на својот претходник, папата Франциск, да ја посети Земјата на кедрите, која се соочува со војна и криза.
Според програмата што ја објави Ватикан, Светиот Отец се очекува да пристигне на аеродромот во Анкара во 12:30 часот по локално време, каде ќе биде пречекан со официјална церемонија.
Веднаш по слетувањето, папата ќе го посети мавзолејот на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, каде ќе му оддаде почит со положување венец.
Предвидена е церемонија за пречек во Претседателството, по што ќе следи средба со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
По државничките средби, Светиот Отец ќе се упати кон католичката црква „Дева Марија“, која се наоѓа во близина на Амбасадата на Ватикан во Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Лав XIV во историска посета на…
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV,…
Експлозија во суд во Турција, едно лице…
Експлозија се случила денеска напладне во магацин…
Ердоган предупреди дека Турција се соочува со…
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека…
Виткоф во Турција на клучни разговори со…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Две деца починаа по труење со храна…
Ужасна трагедија се случила во Истанбул, каде…