Папата Лав XIV во историска посета на Турција
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денеска ја започнува својата прва задгранична, апостолска посета откако беше избран на функцијата.
Патувањето, кое ќе трае до 30 ноември, е посветено на две клучни цели: промовирање на христијанското единство преку историското одбележување на 1700-годишнината од Никејскиот собор, како и зацврстување на односите со муслиманската заедница во земјата.
Посетата на Турција е прва етапа од поширокото апостолско патување што ќе продолжи во Либан од 30 ноември до 2 декември, со што папата Лав XIV ја исполнува желбата на својот претходник, папата Франциск, да ја посети Земјата на кедрите, која се соочува со војна и криза.
Според програмата што ја објави Ватикан, Светиот Отец се очекува да пристигне на аеродромот во Анкара во 12:30 часот по локално време, каде ќе биде пречекан со официјална церемонија.
Веднаш по слетувањето, папата ќе го посети мавзолејот на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, каде ќе му оддаде почит со положување венец.
Предвидена е церемонија за пречек во Претседателството, по што ќе следи средба со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
По државничките средби, Светиот Отец ќе се упати кон католичката црква „Дева Марија“, која се наоѓа во близина на Амбасадата на Ватикан во Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…
Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…