Патриотско друштво со предлог решение за студентскиот оброк

t

Гледам дека студентите бараат зголемување на субвенционираниот студентски оброк на 200 денари, што според мене е сосема оправдано. Но, се поставува едно важно прашање: како државата ќе гарантира дека тие средства навистина ќе се користат за квалитетна исхрана, а не за цигари или други производи?

Бидејќи и самиот бев студент во Словенија, сметам дека Македонија треба да го преземе нивниот модел на студентска исхрана.

Таму студентите добиваат субвенционирани оброци преку систем на студентски бонови, кои можат да ги искористат во голем број ресторани. За симболична доплата добиваат целосен оброк, често со салата, главно јадење, десерт и овошје. На пример, додека студирав, целосно мени во McDonald’s чинеше околу 2 евра со студентската субвенција.

Зошто да не го воведеме истиот систем и во Македонија?

На овој начин државата ќе знае дека парите се наменски искористени, студентите ќе имаат пристап до разновидна и пристапна исхрана, а локалните ресторани ќе добијат дополнителен промет.

Целта не треба да биде само студентот да добие 200 денари, туку со тие 200 денари навистина да може квалитетно да се нахрани.

Понекогаш не треба да измислуваме нови решенија. Доволно е да ги преземеме добрите практики од државите што веќе успешно ги применуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патриотско друштво со предлог решение за студентскиот…

Гледам дека студентите бараат зголемување на субвенционираниот…

Трамп: Сега, заедно со Нетанјаху, морам да…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сега…

БЛИСКИОТ ИСТОК ВО СОСТОЈБА НА ВИСОКА ПРИПРАВНОСТ:…

Безбедносните тензии на Блискиот Исток дополнително се…

До документ со неколку клика на мобилен…

Со бесплатната мобилна апликација m.Uslugi, граѓаните добиваат…

Кремљ: Европејците не се поканети на преговорите…

Европските претставници нема да учествуваат во трилатералните…