Објавено на:

Паузите за хидратација станаа златен рудник за ФИФА и телевизиите

t

Она што Светската фудбалска федерација (ФИФА) го воведе како мерка за заштита на здравјето на фудбалерите поради високите температури на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, за кратко време се претвори во еден од најпрофитабилните потези во историјата на телевизиските спортски преноси.

Триминутните паузи за хидратација, кои се прават околу 22. и 67. минута од натпреварите, предизвикаа поделени реакции кај навивачите, но отворија сосема нов рекламен простор што телевизиските куќи го претворија во огромен извор на приходи.

За разлика од кошарката, американскиот фудбал или тенисот, фудбалот со децении немаше природни паузи за реклами. Со воведувањето на задолжителните прекини, телевизиските компании добија можност да продаваат дополнителен рекламен простор за време на секој натпревар.

Францускиот селектор Дидие Дешан призна дека новиот концепт значително го менува ритамот на играта.

„Овие триминутни паузи прекинуваат сè, но индустријата е среќна затоа што има повеќе реклами. Сега ќе играме четири четвртини“, изјави Дешан.

Според анализите на компанијата iSpot, бројот на телевизиски рекламни прикажувања во САД е речиси тројно поголем во споредба со Светското првенство во Катар во 2022 година. На тоа влијае и проширениот формат на турнирот со 104 натпревари, наместо досегашните 64.

Во Франција, реклама од 20 секунди за време на паузата за хидратација достигнува цена од околу 425.000 евра, додека во САД телевизиската мрежа Фокс наплаќа меѓу 200.000 и 750.000 долари за 30-секунден рекламен термин.

Според проценките, само паузите за хидратација на целото Светско првенство би можеле да донесат повеќе од 500 милиони долари приходи од рекламирање, што ја надминува сумата од 485 милиони долари што Фокс ја плати за телевизиските права за турнирот.

ФИФА, пак, бележи рекордни приходи и од продажбата на медиумските права. Организацијата инкасирала 3,925 милијарди долари, што претставува раст од 36 проценти во споредба со Светското првенство во Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паузите за хидратација станаа златен рудник за…

Она што Светската фудбалска федерација (ФИФА) го…

Google и Amazon ги зголемија емисиите на…

Технолошките гиганти Google и Amazon, објавија дека…

Сончево и жешко низ цела Македонија –…

Времето денеска ќе биде претежно сончево со…

Трамп: Врховниот лидер на Иран веројатно е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека врвните…

ЕУ прави чекор кон можна забрана на…

Дали на децата треба да им се…