Објавено на:

Google и Amazon ги зголемија емисиите на CO2 и покрај ветувањата

t

Технолошките гиганти Google и Amazon, објавија дека ги зголемиле емисиите на CO2 поради дата центрите и вештачката интелигенција. Таквиот развој на ситуацијата значи дека остварувањето на нивните климатски цели ќе биде отежнато.

Во извештајот за 2025 година, Google пријавува годишен скок на емисиите на јаглерод од 16%, додека Amazon забележува раст од 18% во споредба со 2024 година. Според податоците на компанијата Amazon, нејзините емисии во 2024 година се повисоки од оние на Австрија или Грција. Директорот за одржливост на Google признава дека во моментот изградбата на нивната инфраструктура за вештачка интелигенција има побрзо темпо од декарбонизацијата на мрежата. Така се остваруваат прогнозите дека вештачката интелигенција драстично ќе ја зголеми потрошувачката на електрична енергија, а снабдувањето не ќе може да биде доволно декарбонизирано.

И двете технолошки компании имаат значајни инвестиции во изградба на дата центри базирани на вештачка интелигенција. Но, ваквите трендови со јаглеродните емисии ги доведува во прашање нивните амбициозни климатски цели. Google има зацртано до 2030 година да ги преполови своите емисии од 2019 година, а Amazon се обврзува на нулта нето емисии до 2040 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Google и Amazon ги зголемија емисиите на…

Технолошките гиганти Google и Amazon, објавија дека…

Сончево и жешко низ цела Македонија –…

Времето денеска ќе биде претежно сончево со…

Трамп: Врховниот лидер на Иран веројатно е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека врвните…

ЕУ прави чекор кон можна забрана на…

Дали на децата треба да им се…

Рама: На 14 јули ги затвораме првите…

На 14 јули во Брисел ќе се…