Перин: Карпалак и „Заедничката историја“ на Македонија и Бугарија

t

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да не убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. За да не се повторува напишаното од мене и од моите колеги, денес сакам да направам една споредба и да се разбери еднаш за секогаш дека заедничка историја не можат да имаат два народа.

Видете, патот на развивањето на еден посебен народ не може да биде така краток како што сакаат да манипулираат последните години домашните предавници и странскитеокупатори на македонската историја и посенбост. Развитокот и формирање на еден народ со сите своите елементи трае неколку векови. Во тој период од неколку векови една група на луѓе или народ општат на ист јазик, споделуваат иста култура, традиции и обичаи кои се различни од на другите народи. Како промер можам да ја посочам Југославија, Советскиот Сојуз, Велика Британија, Чехословачка и мн др.
Трн во очите на европските сили им е Македонската многувековна цивилизација. Македонскиот народ своите корени ги има уште од античко време преку кралството Македон и нејзините славни првенци Филип Втори и Александар Македонски. Сосема е јасно во историјата дека Македонците биле различен народ од народите на државите Спарта, Атина, Теба и Коринт… Историјата има рсчистено со овај период но политичките пропаганди и одлуки секогаш се посилни од вистината.

Втората ера од Македонската цивилизација е христијанството. Цел свет знае дека христијанството во Европа почнало да се шири од Македонија кога Апостол Павле бил повикан од еден Македонец да оди во Македонија. Овај настан е запишан и во Библијата и никој не може да спори овај историски доказ.

Трета ера од Македонската цивилизација е Јустинијановото право кое исто така запчнало од Македонија да се шири во Европа. Но за да се поништи овај историски доказ големите европски сили го наметнаа Римското право во употреба и до ден-денес се именува како такво.

Четврта ера од Македонската цивилизација е писменоста која потекнува од Македонија и се шири кон Европа. Имено, македонците Кирил и Методија родени солунчани започнале да ја шират писменоста од Солун, кој патем да спомнам, никогаш во историјата не бил дел од некакво бугарско царство или држава. Сепак за нив писменоста е бугарска.

Петтата ера од Македонската цивилизација е образованието. Имено прв универзитет во Европа е Охридскиот универзитет формиран од Климент и Наум Охридски. Но големите европски сили го промовираат Болоњскиот универзитет како прв универзитет во Европа.

Кога горе наведеното ќе се земи на разгледување на големите европски сили не им одговара заради нивните геополитички цели. Затоа во 1878 год беше создадена вештачката Санстефанска Бугарија и затоа се одржа Берлинскиот Конгрес во 1878 год каде што се поништува комплетната историја и цивилизација на македонскиот народ. Улогата на големите европски сили е иста како и онаа на Понтиј Пилат кога си ги изми рацете за дакаже дека неговите раце се чисти. И Македонија беше дадена на соседните држави да ја завршат егзекуцијата на Македонскиот народ. Македонскиот народ силно се спротиставе на модерното уништување на еден народ.

Но да се вратам назад на „заедничката историја“ со Бугарија и Македонија и наводното помирување на Македонија и Бугарија како тоа што го направија Франција и Германија. Овде сакам јасно и гласно да кажам дека споредбата нема никакви допирни точки. Франција и Германија си подадоја рака, формираа историски комисии но во нивниот случај нема оспорување на францускиот народ од страна Германија како и на германскиот народ од страна на Франција. Овде се става една голема точка за да им биде јасно на политичарите и на „историчарите“ кои се во т.н. мешовита Историска комисија на Македонија и Бугарија.

На крајот доаѓам до поентата која сакам да ја изнесам пред македонската јавност, научниците и политичари. Ние сакаме да имаме заедничка историја со друга држава а не сме способни да имаме заедничка историја во Македонија! Како барате и формирате такви предавнички комисии за заедничка историја кога во Македонија од 2001 година до денес не може да се направи споменик за паднатите Бранители кај Карпалак и Вејце а за возврат насекаде се изградени големи споменици на терористите од Косово и од Македонија? Та нели живееме во една држава? Та нели градевте „едно општество“ за сите?

Јавно барам одговор од било кој политичар, терорист, Бранител, историчар или од мас медиумите во Македонија кои воопшто не се позанимавале со историјата наша од 2001 година до денес туку ни го перат мозокот и ни фрлаат прав во очите да избрипеме историја која е создадена со крв македонска и посена македонски коски на комити, паризани и бранители!

Ицо Најдовски Перин, историчар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…