Пет земји-членки предлагаат членство во ЕУ за Западен Балкан „чекор по чекор“

t

Пет земји-членки на Европската Унија предложија нов пристап за интеграција на земјите од Западен Балкан, кој би овозможил постепено вклучување во европскиот единствен пазар уште пред полноправното членство.

Според доверлив документ, во кој учествуваат Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија, се предлага земјите кандидати да добиваат пристап до одредени европски програми и сектори „чекор по чекор“, во зависност од нивната усогласеност со европското законодавство.

Документот, пренесен од Еурактив, наведува дека постепената интеграција треба да се применува систематски и да вклучува области како транспортот, енергетиката, дигиталниот пазар и политиките за критични суровини.

Во предлогот се посочува дека ваквиот модел би ѝ помогнал на ЕУ да го засили своето геополитичко влијание и да се спротивстави на влијанието на Русија и Кина во регионот.

Меѓу земјите што би можеле да бидат опфатени со ваквиот пристап се Црна Гора, Албанија, Македонија и Србија.

Авторите на документот ја повикале еврокомесарката за проширување Марта Кос да предложи дополнителни идеи за ваков тип интеграција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет земји-членки предлагаат членство во ЕУ за…

Пет земји-членки на Европската Унија предложија нов…

Муцунски одржа работна средба со амбасадорот на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

СДСМ: Муцунски се фали со пари кои…

Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони…

Сиљановска: Уставни измени кои ќе важат откако…

Македонија претрпе многу уставни измени кои наликуваат…

ДС ги осудува вчерашните протести на студентите…

Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести…