Објавено на:

Пет тинејџери загинаа во Ирска: И тие возеле во обратен правец за ТикТок предизвик

t

Пет момчиња на возраст од 15 до 18 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот М9 во Ирска, откако со украден автомобил возеле во спротивен правец за да снимаат содржини за ТикТок. Судирот се случил во раните утрински часови на 16 август кога возилото БМВ директно удрило во автомобил во кој патувале три сестри и седумгодишно дете. Сите четворица патници од второто возило се хоспитализирани со тешки телесни повреди.

Според истрагата на ирската полиција, групата претходно учествувала во серија провали во куќи и возила во округот Килдер. Тинејџерите намерно се обидувале да предизвикаат полициска потера, движејќи се со голема брзина во недозволена насока на автопатот. Во несреќата на лице место загинале 15-годишниот Џо Карти, 17-годишните Камил Пустковски, Џек Кенеди и Алекс Мекарти, како и 18-годишниот Џереми О’Брајан.

Семејството кое се наоѓало во другото возило патувало кон аеродромот во Даблин за семејна свадба во Велика Британија. По судирот, граѓаните собраа над 660.000 евра финансиска помош за нивно лекување и закрепнување.

Трагедијата предизвика политички реакции и барања за институционална одговорност од дигиталните платформи. Претставниците на ТикТок одбија да се појават на сослушување пред парламентарниот комитет за медиуми во Ирска, наведувајќи дека истрагата на регулаторните тела е во тек. Претседателот на комитетот, Алан Кели, ваквата одлука ја оцени како недозволива кон ирската јавност.

Професорката по форензичка киберпсихологија Мери Ајкен посочи дека социјалните мрежи директно го поттикнуваат екстремното однесување кај младите преку лов на дигитална реакција и лајкови. Политичките претставници во Даблин најавија иницијатива со која намерното возење во спротивен правец на автопат законски ќе се квалификува како обид за убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет тинејџери загинаа во Ирска: И тие…

Пет момчиња на возраст од 15 до…

МВР: Со апликацијата „Безбеден град“ за странци,…

Мобилната апликација за известување за направен сообраќаен…

Русите се подготвуваат за масовно заминување од…

Сè погласни се шпекулациите дека рускиот претседател…

(Видео) Возење во спротивен правец за лајкови…

Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа…

Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините…

Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека…