Пет-шест дена ќе требаат за нормално функционирање на „Нова Македонија“ по поплавата, вели директорот Томовски
Пукната топловодна цевка на вториот кат ја предизвикала поплавата во зградата на „Нова Македонија“, каде што се сместени Министерството за образование и наука, Државната изборна комисија и повеќе други институции. Поради продирањето на водата низ електричните инсталации, струјата во објектот е исклучена, а според првичните проценки, за целосно нормализирање на состојбата ќе бидат потребни пет до шест дена.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски, за „Скопје1“ вели дека хаваријата се случила околу полноќ, по што веднаш реагирало обезбедувањето од МВР.
„Пукната топловодна цевка ја предизвикала поплавата. Ова се случило ноќеска околу 12 на полноќ, кога веднаш реагирало обезбедувањето од МВР. Уште тогаш е исклучена струјата и екипите од СОЗР почнаа со санирање. Цевката се наоѓа на вториот кат од зградата“, вели Томовски за „Скопје1“.
Поради хаваријата биле активирани агрегатите, но враќањето на електричната енергија ќе следува дури откако ќе се санира влагата и ќе се утврди дека нема ризик за електричните инсталации.
„Се активираа агрегатите, но целосната функција ќе се врати веднаш штом се санира влагата и се приклучи струјата. Бидејќи водата течела низ инсталациите за струја и е ризично. За нормално функционирање, сигурно ќе требаат пет до шест дена“, додава директорот на СОЗР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Џиновски питони пливаат по поплавените улици…
Поради обилните врнежи што речиси три дена…
ДЗС: Масовни евакуации во Кичево, во Гостивар…
Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување…
Мини „водна фонтана“ меѓу зградите предизвика поплава…
Денеска во строгиот Центар на Скопје, во…
(Видео) Големa поплавa во Њу Јорк
Во моментов во Њу Јорк се случува…
Волос и околината повторно под вода
Грчкиот град Волос, како и околните села,…