Објавено на:

Петмина повредени во иранскиот напад врз американската база во Кувајт – На Трамп не му се брза да склучи договор

t

Американскиот министер за војна Пит Хегсет изјави дека САД се во „добра позиција“ да постигнат договор со Иран за прекин на војната и дека досегашните преговори биле „продуктивни“.

Сепак, тој нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп нема да брза да склучи договор.

– Секој договор што претседателот е подготвен да го прифати, ќе го прифати само ако смета дека е одличен договор за нашата земја и за безбедноста на светот – изјави Хегсет пред новинарите во Сингапур, каде што е на меѓународната конференција за одбрана „Шангра-Ла Дијалог“.

Тој, исто така, рече дека Иран „знае што треба да направи“ за да постигне договор со САД.

Советникот на иранскиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, Мохсен Резаи, пак, денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „по трет пат прави предавство на дипломатијата“ со продолжувањето на поморската блокада наметната врз Иран.

„Како што беше предвидено, американскиот претседател по трет пат ја предава дипломатијата. Со продолжување на поморската блокада и со претерување со преговорите, тој докажа повеќе од кога било дека не е преговарач и дека се стреми кон други цели“, наведе Резаи на Икс.

Функционер од Белата куќа синоќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го потпише секој договор со Иран за прекин на војната само ако се исполнат неговите „црвени линии“. То ја дал оваа изјава по состанокот во „Собата за ситуации“  кој траеше околу два часа и кој заврши без одлука.

Извори во Вашингтон завчера спомнаа прелиминарен договор со кој примирјето би се продолжило за уште 60 дена.

„Иран мора да прифати дека никогаш нема да има нуклеарно оружје. Ормускиот Теснец мора веднаш да се отвори, а Техеран мора да се обврзе да ја исчисти од мини“, објави претседателот Трамп пред состанокот на неговата социјална мрежа Трут Соушл.

Состанокот во „Собата за ситуации“, се одржа откако фрагменти од иранска балистичка ракета вчера погодија воена база во Кувајт, при што петмина американски граѓани беа лесно повредени, а два дрона MQ-9 Reaper беа уништени.

Според извор запознаен со нападот, кувајтската воздушна одбрана ја пресретнала ракетата „Фатах-110“, но фрагментите паднале врз базата Али Ал Салем.

Петмината лесно повредени се договорни соработници и активни членови на армијата.

Еден дрон MQ-9 Reaper бил уништен, а најмалку уште еден бил сериозно оштетен. Станува збор за летала чија вредност се проценува на околу 30 милиони долари по парче. Тие се користат за разузнавачки задачи, надзор и за извидување, но можат да бидат вооружени и за извршување прецизни напади.

Нападот дојде во време кога САД разгледуваат договор за продолжување на кревкото примирје кое е во сила од април, иако двете страни продолжија да извршуваат ограничени напади во овој период.

Според најновиот извештај на Министерството за одбрана на САД, досега во операцијата против Иран се убиени 14 американски војници, а 409 се повредени.

Ракетата Фатех-110 на Иран има краток дострел, но може да носи боева глава од околу 500 килограми. Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, Техеран испукал повеќе од 1.850 балистички ракети кон цели во регионот.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, наведе три „црвени линии“ за каков било договор: повторно отворање на Ормускиот Теснец, предавање на високо збогатениот ураниум и прекин на нуклеарната програма на Иран.

Ставот на Иран останува нејасен. Државните медиуми вчера објавија дека меморандумот за 60-дневното примирје сè уште не е финализиран и дека е променет во последните денови. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, рече дека „тие немаат доверба во гаранциите или зборовите“ и дека „нема да преземат никаква акција пред другата страна да дејствува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина повредени во иранскиот напад врз американската…

Американскиот министер за војна Пит Хегсет изјави…

САД, Британија и Австралија развиваат подводни дронови…

Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Австралија…

Планинари загинале обидувајќи се да го искачат…

Тројца планинари од Летонија го загубија животот…

Ирански напад со балистички ракети врз американска…

Иранскиот балистички ракетен напад врз кувајтската воздухопловна…

САД запленија ирански криптовалути во вредност од…

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави…