Планинари загинале обидувајќи се да го искачат највисокиот врв во Северна Америка
Тројца планинари од Летонија го загубија животот откако паднаа во близина на опасен превој на планината МекКинли (Денали) во Алјаска, додека четвртиот член на експедицијата е спасен, соопштија американски претставници.
Летонска планинарска група соопшти дека тројца членови на експедицијата загинале откако паднале додека се искачувале во близина на превој кон највисокиот врв во Северна Америка, Денали. Четвртиот член на тимот е спасен и е пренесен во болница.
Според американската Национална служба за паркови, планинарите биле дел од седумчлена летонска експедиција која ја минувала рутата Вест Батерс, позната по своите стрмни, замрзнати делови.
Со висина од 6.168 метри, Денали е највисока планина во Северна Америка и се издига 5.500 метри над основата, што значи дека е највисока во светот сметајќи од подножјето. Од друга страна, Монт Еверест се издига од Тибетската Висорамнина, што значи дека почнува од многу повисоко — 4.200 до 5.200 метри, па затоа Монт Еверест е самостојно висок само 3.700 до 4.700 метри, наспроти самостојните 5.500 метри на Денали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…