Објавено на:

Пијан маж праќал лажни дојави за бомби во училиштата

t

Педесетгодишен маж од Дубровник во алкохолизирана состојба е одговорен за лажна пријава за експлозивна направа поставена во две училишта во Дубровник денеска, соопшти Полициската управа Дубровник-Неретва, објавија локалните медиуми.

Тој ја дал лажната пријава по телефон околу 12 часот и против него е во тек полициска акција.

„По приемот на пријавата, веднаш беа испратени полициски службеници на терен, кои извршија инспекции на образовните институции, по што беше утврдено дека пријавите се лажни“, според полицијата.

Денеска беа евакуирани ученици од основно училиште на Лапад и на Мокошица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан маж праќал лажни дојави за бомби…

Педесетгодишен маж од Дубровник во алкохолизирана состојба…

(Видео) Силно невреме во Хрватска: Затворени училишта,…

Силни ветрови дуваа цела ноќ во Загреб,…

Петмина уапсени за лажните дојави за поставени…

Лишени од слобода пет лица од кои…

Лишен од слобода 15-годишник од тетовско поради…

Вчера (13.03.2026) околу 13:55 часот во с.…

И денес дојави за бомби во основните…

Утрово дојави за поставени бомби пристигнале во…