Лишен од слобода 15-годишник од тетовско поради закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
Вчера (13.03.2026) околу 13:55 часот во с. Џепчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршија претрес во дом и помошни простории кај Б.М. (44) од с. Џепчиште.
При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За време на претресот присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.
Во врска со случајот, лишен од слобода е неговиот 15-годишен син, поради сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово.
По целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…
Вчера вечер е уапсено уште едно лице…
При контрола во угостителски објект во Тетово,…
На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…
Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…
Ова е сликата и светот низ кои…
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…